Вековна Духовна Традиција
Европската епархија е една од епархиите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија која ги опфаќа верниците во земјите на Западна и Централна Европа.
Основана со цел да ги обедини македонските православни верници во дијаспората, епархијата низ децениите прерасна во духовен стожер кој ја чува верата, традицијата и културниот идентитет на македонскиот народ далеку од татковината.
Нашата Светлина и Мисија
Главен приоритет на епархијата е духовното раководење на верниот народ, зачувувањето на светите канони и литургиското живеење во заедница со Христа.
Ние се стремиме да бидеме место каде секој македонец ќле најде духовна утеха, братска љубов и поткрепа во справувањето со предизвиците на современиот живот во туѓина.
Структура на Епархијата
Архиереј
Под духовно водство на неговото високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен.
Парохии
Над 40 црковни општини и мисионерски парохии ширум Европа (Германија, Швајцарија, Италија, Австрија...).
Заедница
Домови на македонски културно-просветни и хуманитарни активности поврзани со црквата.